Видовме и се уверивме дека се разбуди желбата и инаетот на македонскиот човек и народ да се побуни, да се бори против оваа тиранија и аздисана власт, против овааа диктатура на еден човек, порача вечерва лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски пред жителите на Карпош.
Македонскиот народ може многу да издржи, но кога ќе тргне напред нема сила што ќе го уплаши или што ќе го запре. Благодарение на вашата желба и упорност, предвремени парламентарни избори ќе има. Колку сакаат нека го искривуваат тоа Никола и ВМРО-ДПМНЕ, за нив бегање од тешката народна казна која ги чека нема да има. Бојкот е прекинат ама отпорот продолжува, одиме до крај, до конечна победа. Вас ве повикувам да не го чекаме септември, да ја завршиме работата многу порано, рече Црвенковски.
Карпош е традиција која е докажана, ова е победничка формула, СДСМ за Карпош и Карпош за Македонија, Груевски и ДПМНЕ нема што да баараат тука во Карпош, Карпош е боинг за кој ВМРО-ДПМНЕ нема пилот.
-Што се однесува до кандидатот на Српската Напредна Странка, скриениот адут на Никола Грувски, врв на лицемерие е слоганот за кампањата-ХРАБРО. За каква храброст ни говори кога требаше храброста да ја покаже како колегите во Струмица, Куманово, Охрид, но тој на кукавички начин реши да дезертира, да ни сврти грб, крупен човек, ситна душа, секој човек има и добри и лоши страни, но ако сакаш да си во првите редови, да одлучуваш за народ, тој народ треба да биде сигурен дека нема на пола пат да се тргнеш и да го оставиш. Предавството во најтешки моменти никогаш не се простува, партијата се му овозможи, а на ваков срамен начин не предаде, бидете сигурни дека во првиот момент ќе ги предаде и граѓаните на Карпош.
-Од каде му се пари само да се рекламира и тоа на Сител и на Канал 5, како ли само тоа му успева? На овие локални избори Никола Груевски има 2 кандидати во Карпош, еден отворен, и еден скриен зад Српската Напрена Странка. Карпош има обврска да ги порази сите тројца заедно со Никола Груевски-три во едно, за Карпош, за Македонија.
Нашиот кандидат Андреј Петров е човекот кој добро го знаете, еднаш му ја дадовте довербата и тој тогаш ја оправда. Тој со својот минат труд е најсилната гаранција дека Карпош ќе биде напреден и победнички.
На 24. март имаме можност да завршиме уште една многу поважна работа-имаме шанса да им вратиме да им наплатиме за се што ни правеа во овие седум години, за сите понижувања, газења и потценувања, за сите списоци за гласање со закани направени, за сите откази по партиска директива спроведени, на 24. март имаме шанса да им наплатиме зашто седум години манипулираат и лажат, рече Црвенковски.