Црвенковски пред Лукшиќ изразил загриженоста за земјава

Од:

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска се сретна со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и европска интеграција на Црна Гора, Игор Лукшиќ.

На средбата стана збор за евроатлантските интеграции на двете земји, за актуелните состојби по 24 декември, за политичката криза во земјава и за целокупните случувања во регионот.

Црвенковски пред Лукшиќ ги потенцирал напорите на опозицијата за наоѓање начини за надминување на кризата. Тој го запознал Лукшиќ и со исклучително тешката економска ситуација во Македонија, која, според него, во овој момент го доживува својот најголем пад.

Лукшиќ ја истакнал својата загриженост во однос на актуелната состојба во нашата земја и изразил желба за нејзино брзо надминување.