Црвенковски: Од сабота почнуваме со секаков вид отпор!

Од:

Во интервју за Телма претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски вели дека кандидирањето на Стевчо Јакимовски за градоначалник и покрај партиската одлука за бојкот, нема да влијае на внатрешното единство во партијата, затоа што, според него, сите други останале на ставот за бојкот на изборите.

Вели дека е горд на градоначалниците и на членството, како и на сите пратеници кои наскоро ќе ги поднесат своите оставки.

Најавува дека од сабота почнуваат со секаков вид отпор кон власта, убеден дека на крај тоа ќе резултира со предвремени парламентарни избори.