Црвенковски ја отстапи пензијата во корист на партијата

Од:

Бранко Црвенковски, својата пензија ја остапува за потребите на партијата.

За Црвенковски, велат од партијата, личниот интерес не смее да биде поголем од државните интереси.

„За разлика од нас, во ВМРО-ДПМНЕ има тепачки за функции. Сите во СДСМ и во коалицијата со своите одлуки покажаа голема етичка вредност и постапки, а со одлуката за бојкот на изборите серија идни градоначалници и советници на СДСМ се жртвуваа од своите примања. Кога ние ќе дадеме оставка и ние ќе немаме плата. Тоа е најмала жртва за иднината на Македонија. Апанажата е законско решение и индивидуална одлука на секој пратеник. Некој може да ја зема, некој може да се откаже. Што ќе се одлучи ќе видиме понатаму“, рече Игор Ивановски.