(ВИДЕО) Црвенковски: И до мај, и по мај, од мене за вас спас нема

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]Отпорот ќе се интензивира во целата земја, рече на политичката конвенција во куманово, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

На 24 март е најважниот избор, гласот на оние кои нема да излезат на избори нема да биде пропаднат, туку глас на народот. Тешко ќе биде, но ве уврерувам на крајот ќе победиме, рече Црвенковски.

Тој се осврна и на секојдневната кампања за тоа што ќе се случи на партискиот Конгрес во мај.

Рече: Од Никола Груевски, до секоја шуша единствена грижа им е кога и како се се повлечам!

Решиле СДСМ од мене да ја спасуваат. Дваесет години од мене се комплексираат и фрустираат. Да им порачам и до мај и по мај, бил или не претседател, од мене за вас спас нема“, рече Црвенковски.

СДСМ е бетон партија, поцврста и поединствена зашто сме на вистинската страна, не смееме да се откажеме од надежта дека битката ќе ја добиеме. За Македонија со самопочит и за почит вреди човек да не се штеди и да се бори до крај. Тие бегаат и од гласот на народот и од избори.

Ние се бориме за иднината, а тие за своите џепови. Оваа власт донесе буџет на противуставен начин, брутално исфрли новинари и опозоционери и не покажа чувство за одгворност, јасно е дека ја поминаа црвената линија. Бараме предвремени парламентарни избори зашто државата му припаѓа на народот, само тој може да одлучи, рече Црвенковски.