ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Давање државјанства на мигранти ќе биде сериозен удар за земјава

Од:

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите од која произлегува дека Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе предизвика сериозна дисторзија на пазарот на работна сила во земјата, и ќе ја влоши и онака тешката состојба со невработеноста која принуди многу наши граѓани да се отселат во други земји за да обезбедат работа и егзистенција“, се вели во соопштението.

Опозициската партија потсетува дека во време на нивното владеење понудиле и пружиле голема помош и поддршка за мигрантите кои транзитирале низ земјава.

„Со вакво ниво на сиромаштија и невработеност да се прифати трајно населување на десетици илјади мигранти би било сериозен удар на сите досегашни напори за смалување на невработеноста во земјата за граѓаните на Македонија, а и самите мигранти ќе имаат сериозни потешкотии во добивањето работа и егзистенција во земја со стапка на невработеност од 22,9 отсто“, се додава во соопштението.