Цивил: Сто млади од Теарце револтирани оти не ги добиле ветените 500 денари од ДПА

Од:

Набљудувачите на невладината организација „Цивил“ известиле дека околу сто млади луѓе од тетовското село Теарце биле револтирани откако не ги добиле ветените 500 денари од ДПА, за да го дадат гласот за оваа партија.

Според „Цивил“, ноќта по изборите, активисти на ДПА и на ВМРО-ДПМНЕ ја славеле победата по улиците на Теарце, а активисти од партијата на Мендух Тачи извикувале дека наводно нивната партија ќе влезе во идната владина коалиција. На овој начин биле провицирани и случајни минувачи.

„Подоцна, помеѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ од Теарце и тие од Доброште избил физички конфликт. И претходно имале разни судрување и ривалство меѓу активистите на оваа партија од овие две села. Тие биле пијани. Ниту една институција не била известена и не реагирала во овој случај“, соопшти „Цивил“.