А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Чулев: Изјавата на Ангеловска е доказ за негрижата за вработените во МВР

by А1он21/05/2020 - 15:2721/05/2020 - 16:21279
Share0

Денешната изјава на Министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерката Ангеловска го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски, објави на својот фејсбук профол министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Чулев, токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцирал дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи.

– Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава. Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува, објави Чулев.

Во однос на денешната изјава на Министерката Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од него, Чулев напоменува дека до сега од буџетот на Министерството за внатрешни се скратени околу пет милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката „капитални расходи“ и „стоки и услуги“ за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи. Свесен сум дека пандемијата поврзана со Ковид 19 сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот, вели Чулев.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео