Членови на Друштво за толеранција во посета на општина Битола

Од:

Членови на Друштвото за толеранција со седиште во Бачка Паланка, Србија, учесници на форумот „Мост на пријателство“, денес во општина Битола остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Во делегацијата учествуваа деца од Германија, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија, кои на средбата со битолскиот градоначалник го промовираа своето Друштво и активности.

– Овие деца промовираат мир, толеранција и зближување на народите во средините во кои што живеат, а и на глобално ниво. Младите членови на Друштвото за толеранција истакнаа дека се обидуваат преку нивните активности да создадат масовно движење меѓу граѓаните за промовирање на мирот, а со тоа да му дадат блесок на самиот начин на живот, насекаде низ Балканот, и јас се радувам на тоа што го прават, истакна Петровска за време на приемот на членовите на Друштвото за толеранција.

По посетата на Битола, младите од повеќе држави ќе го посетат и градот Охрид.