Четири лица од прилепско се повредени во сообраќајката која вечерва се случи на патот Градско-Прилеп кај селото Фариш.
Како што соопшти Лиза Бендевска од МВР во сообраќајката учествувале три возила.
Доктор Антоан Паракеов од Брза помош при Здравствен дом Кавадарци информира информира дека три лица се упатени на одделението за хирургија при кавадаречката болница. Хирургот Благоја Митев соопшти дека едно од лицата е пуштено на домашно лекување.
