47-годишниот Ристе Бочвароски е исчезнат од средата. Неговото семејство веднаш го пријавило исчезнувањето во полицијата.
Неговите блиски веќе четврти ден се во потрага. Во населбата каде што живее, Ново Лисиче и во Аеродром од каде што потекнува се излепени плакати со негови фотографии и податоци за изгледот, возраста, гардеробата.
Блиските велат дека Ристе кого го опишуваат како семеен човек без здравствени проблеми последен пат е виден во средата во 13 часот во Лисиче.
Бил облечен во сиви тренерки и црна јакна, како на фотографијата. Ги замолуваат сите сограѓани доколку имаат каква било информација да се јават на некои од следните телефони: 070 838-030 или 075 274 706.