Честитка за првиот училишен ден од Народниот правибранител

Од:

Народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети на сите ученици им го честита првиот училишен ден. Тој во честитката порача дека овој ден е особено важен за оние кои првпат седнуваат во училишните клупи и им посака успех исполнет со гордост и задоволство во заедничката работа и учење.

– Апелирам до вработените во училиштата да ги прифатат сите деца, да им помогнат првиот училишен ден да го поминат во пријатно опкружување, и секое дете да се чувствува добредојдено, безбедно и прифатено во училиштето, уверено дека во новата средина нема да биде оставено само на себе туку дека ќе ја има потребната поддршка од наставнииот и друг кадар во училиштето, порачува омбудсманот во пораката.

Тој ги повикува родителите-старателите, бабите и дедовците и другите блиски на детето да посветат што е можно повеќе внимание и разбирање на нивните деца-ученици, да поминуваат повеќе време со нив во уверување дека се тука секогаш за нив.

Мемети во честитката апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорно да се однесуваат, потсетувајќи ги на преден план да ја имаат безбедноста на детето.