Честитка од Димитриев по повод еврејски празник Ханука

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, по повод големиот еврејски празник Ханука, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница Берта Романо-Николиц  и до членовите и припадниците на Еврејската заедница во Македонија.

– Со палењето на првата менора започнува и осумдневното празнување на повторното осветување на храмот во Ерусалим, започнува празнување на празникот на светлината, празнување на празникот кој го одбележува триумфот над насилството и поробувањето. Празникот Ханука повеќе од 2.000 години претставува симбол на еврејското национално опстојување, обнова на верската слобода и нè потсетува на истрајноста, вербата и упорноста на еврејскиот народ, се наведува во честитката од Димитриев.

Со чествувањето на вредностите на овој Ваш празник, како што вели Димитриев, само ја потврдуваме значајноста на Еврејската заедница која е длабоко вкоренета во нашата историја, нераскинлив дел од нашата сегашност и составен дел од нашата иднина.