Честитка од Али Ахмети по повод католички Божик

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети лично и во име на партијата испрати честитка до сите верници од католичка вероисповед по повод католичкиот Божик.

– Имам чест и особено задоволство, во името на сите нас при ДУИ и во свое лично име, срдечно да ви честитам по повод светиот празник Божик со искрени честитки за просперитет, добро здравје и благосостојба, се вели во честитката од Ахмети.

Продолжувајќи ја нашата традиција за хармонија, толеранција, соживот и братство, се додава, меѓусебно да ги прославиме празниците за зачувување и одржување на нашите национални и религиозни вредности.

– Се надевам дека овој празник ќе им даде сила на нашите напори да бидеме солидарни и повеќе обединети едни со други за подобра иднина, во мир и благосостојба. Почитувани браќа и сестри, верници од католичка вероисповед среќен Божик, се нагласува во честитката од Ахмети.