Чак Норис со членска книшка на СДСМ

Од:

По фалсификатот членска книшка за специјалната јавна обвинителка со која намерата беше да се изманипулира јавноста за нејзина наводна партиска припадност, се појавија исти членски книшки и за други, меѓу кои и Чак Норис.

Освен подбивањето со ваквиот обид на власта за манипулација, целта е да се покаже дека ваква партиска книшка можно е со фотомонтажа да се направи за многу кратко време.

Наводната партиска книшка на Катица Јанева ја објави “Дневник“ за потоа да се шири веста по другите провладини медиуми и да се убедува јавноста дека таа е партиски член.

СДСМ демантираше дека Јанева некогаш била или пак сега е партиски член и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквите конструкции сака да го одвлече вниманието од криминалот кој го има направено. Книшката која беше фотомонтажа со името на Катица Јанева изгледа сосема нова, а беше посочена дека е од 2004 година, потпишана наводно од Бранко Црвенковски, кога тој беше претседател на државата.