Централен регистар информира дека по законски распишаниот оглас во мај за набавка на 10 лесни и 1 товарно моторно возило за потребите на институцијата која во моментов користи и возила постари од 20 години, а согласно законот за јавни набавки, била закажана електронска аукција за операторите кои ги задоволиле критериумите специфицирани во техничката спецификација.
„По спроведената аукција со негативно електронско наддавање преку ЕСЈН, за најповолна ја избра понудата на споменатиот економски оператор. На распишаниот тендер конкурираа повеќе економски оператори. За оние кои ги задоволија критериумите, уредно и законски беше закажана е-аукција. За спроведување на тендерската постапка, Централен регистар формираше и соодветна комисија, согласно сите законски прописи за јавни набавки“, се вели во соопштението.
