Министерката за труд и социјална политика на Фејсбук напиша дека лажни вести се информациите дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови.
„ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови. Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на лажните документи кои се споделуваат по социјалните мрежи. Вистината е следната: Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бедомните лица кои до неодамна живееја под Кале, а не камп за мигранти. Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им се обезбеди дом на повеќе 80 лица кои живееја во на улица. Очигледно паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е преголема па се спремни ваквите хумани решенија да ги злоупотребуваат. Повторно јасно порачуваме – бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во нашата земја“ напиша Царовска.
