Иако се очекуваше конечно денеска да се премести споменикот на Цар Самоил на плоштад Македонија, сепак тоа не се случи.
Споменикот веќе неколку дена се наоѓа во носачка арматура која наликува на кафез, а градежните работници бараат начини како да го подигнат гломазниот објект и да го преместат неколку чекори поназад на подготвен бетонски постамент.

Планот за преместување на обележјето од мермер се покажа потешко и покомплицирано од очекуваното.

Денеска се чинеше дека кран конечно ќе го подигне Цар Самоил во тронот, но работниците изгледа се откажаа и ги отстранија сајлите. На самиот споменик инаку може да се забележи линија која наликува на пукнатина.

