Бузлиев: ЛП не е во коалиција со СДСМ, ама ќе учествува на средбата на опозицијата

Од:

Иако ЛП не е во коалиција со СДСМ, ќе учествуваме на денешната средба на која ќе може да размениме информации за активностите во изминатиот период за постигнување на примарната цел – формирање широка, преодна, концентрациска влада без Груевски, најави потпретседателот на ЛП, Кире Бузлиев.

– Преговорите ги водат лидерите на најголемите партии во земјата, но тоа не се преговори само меѓу Груевски и Заев, ниту пак станува збор само за судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Политичката криза е и криза на институциите. Затоа, секоја партија треба да понуди решение, особено откако стана јасно дека одредбите од договорот од Пржино се веќе нефункционални. Тоа ја прави Иницијативата на ЛП од октомври 2014 се порелевантна. Попрецизно, позициите на ЛП ќе бидат соопштени по претстојните седници на ИК и ЦК во текот на следната недела, иако се појасно е дека траењето на преодната влада треба да зависи од нејзините обврски, а по наша проценка, тоа е период од 12 до 18 месеци – вели Бузлиев.