На заедничката прес-конфренција со еврокомесарот, Јоханес Хан, премиерот Зоран Заев соопшти дека вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија.
-Денеска со Хан ги дефинираме следните чекори на скрининг и подготовка на преговорите кои треба да започнат следната година. Хан ни го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци за почеток на процесот. Владата го назначи Бујар Османи за главен преговарач за ЕУ, за негов заменик ќе биде сегашниот посебен советник за евроатлански интеграции во мојот кабинет, Бојан Маричиќ. Владата го задолжи и министерот за надворешни работи да подготви информација со предлог на концепт за преговарачката структура и истиот да ги достави за усвојување во Владата“, рече Заев кој додаде дека сечиј придонес е важен.
Заев најави дека пристапните преговори помеѓу Македонија и ЕУ треба да започнат во јуни следната година.