Британската амбасада во Скопје во понеделникот до своите граѓани упати предупредување за опасност од тероризам во Македонија, пренесе Макфакс.
„Повеќето посети во Македонија не се проблематични. Повремените акти на насилство и криминал генерално не се насочени кон странците. Најавени се протести за јули во попладневните часови во центарот на Скопје и другите градови во Македонија (претежно на северозапад). Проверувајте ги локалните медиуми за да избегнете демонстрации и собири“, стои во соопштението на британската амбасада.
„Особено внимавајте доколку патувате во северните и западните погранични региони. Постои основана закана од тероризам“, предупредуваат од британската амбасада.