Ацо Стојановски, поранешниот бранител и припадник на МВР кој беше ранет во 2001. во Радуша, за телевизија 24 Вести вели дека и после толку години од конфликтот властите остануваат глуви на нивните барања, а на сметка на тоа за министер на одбраната назначуваат човек кој во конфликтот ги напаѓал македонските мировници и АРМ.
– Огорченоста е уште поголема од причина што бранителите во 2006 година незадоволни од својот статус, своите гласови ги дадоа на ВМРО-ДПМНЕ, власта која што токму сега го предлага терористот Талат Џафери за министер за одбрана. Човекот кој во 2001 година носеше пушка, не е логично да управува со армијата и да се грижи за безбедноста на Република Македонија – вели Стојановски за телевизијата.