Бонева: За разводите не се виновни само жените

Од:

Пратеничката во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, запрашана за коментар по вчерашната изјава на владиката Петар дека разводите во Македонија се примарно вина на жените, вели дека не се согласува со таквата констатација.

– Мажот и жената се еднакви во правата и во обврските кон децата и кон семејството. Бог ја обдарил жената со способноста да раѓа и да го продолжува родот, како плод на љубовта меѓу мажот и жената. Затоа, одговорноста и за воспитувањето и за подигањето на децата е заедничка. Уште повеќе, затоа што денеска работат и мажот и жената и заеднички придонесуваат за семејниот буџет – вели Бонева за Плусинфо.

Според неа, решението за намалување на бројот на разводи е во правилното воспитување на децата и нивно градење во здрави личности со високи морални начела, кои ќе создаваат семејството за кое ќе се грижат со љубов.