Анонимно јавување за подметната бомба и тоа во скопската национална телевизија Сител, јавува весникот Нова Македонија.
Полицијата ја потврди информацијата.
Во 22 и 10 минути непознато лице се јавило и тоа во телевизијата а потоа и во полицијата. Анонимниот јавувач кажал дека е поставена бомба која ке екслодира за 7 минути. Поради тоа вработените со брза интервенција на полцијата се евакуирани.
Во моментов екипи од антитероризам вршиат претрес и проверка на просториите, пишува весникот.