Засега непознато машко лице пополаднево околу 14:30 часот се јавило во Центарот за управување со кризи и пријавило дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ во Скопје има подметнато бомба.
Како што информираат од МВР, Центарот веднаш ја известил полицијата, по што е известена единицата за антитероризам која се уште ја проверува дојавата. Се работи и на утврдување на идентитетот на лицето и на целосно расчистување на случајот.