Блиц го откри идентитетот на убиецот од Охрид

Од:

Бојан Угреновиќ (29) од Краљево е осомничен дека во Охрид го убил 27 годишниот Димитар Матилоски за време на новогодишната ноќ, открива српски Блиц.

Покрај него, упасен е и Михајло Пантовиќ, некогашен фудбалер на ФК “Слога“ од Краљево и уште едно момче чиј идентитет засега не е познат.

Угреновиќ според Блиц бил познат и во Краљево како проблематичен човек.
-Ги познавам и освен што излегуваа и се собираа на места каде што доаѓаа гости со криминално минато, ништо друго нема за нив. Знам дека семејството на Бојан Угреновиќ е ангажирано околу пронаѓање на адвокат кој би го презел случајот бидејќи македонската полиција забрани секакви контакти со пријателите и членови на семејството, изјави за Блиц еден негов познаник.39c400925eeed5c005d01495d6675bd9

Според Блиц , таткото на Бојан Угреновиќ на времето бил во Аркановата гарда, а бил познат и по тоа што на Аркан еднаш му го спасил животот.

Покрај Угреновиќ, упасен е и Михајло Пантовиќ исто од Краљево, кој бил познат како фудбалер. Тој бил еден од петте пријатели со кои Угреновиќ бил на пречек на Новата година.

-Михајло е голман. Бранеше за неколку фудбалски клубови од Краљево, а едно време беше и на голот на “Слога“ од Краљево. Досега не сум слушнал дека има правено проблеми, тврди за Блиц негов познаник.

Според тврдењето на пријатели на Угреновиќ српскиот медиум го пренесува нивното мислење дека е можно другите двајца да го предизвикалепроблемот, а Бојан Угреновиќ се обидел да ги заштити и извршил убиство.

-Мислам дека Бојан ја има преземено сета одговорност на себе за да ги заштити пријателите, изјави за Блиц жител на Краљево.

Убиениот Димитар Матилоски бил во друштво со своите двајца пријателите, а Бојан Угреновиќ бил исто со двајца пријатели во клубот во Охрид. Вербалниот судир најпрво се случил во локалот, но поголем инцидент спречиле вработените. Туркањето потоа се префрлило пред локалот, каде Угреновиќ дивјачки почнал да го мава и да го шутира момчето.

Иако по убиството избега, полицијата брзо го идентификува и го уапси во хотелската соба. Во останатите соби полицијата пронајде пет пријатели на Угреновиќ кои веднаш ги приведе. На Угреновиќ му е одреден притвор поради сомневање за извршено убиство, додека уште двајца се осомничени за помагање.

Социјалните мрежи се преплавени со коментари дека убијците на младиот охриѓанец мора најстрого да се казнат,пишува Блиц.