Битола нема полигон, кандидатите полагаат во Ресен

Од:

Битолчани се жалат, веќе две и пол години, градот нема полигон за полагање на возачки испит.

Тие се револтирани бидејќи за полагање одат во Ресен, и мораат да платат дополнителни 1.500 денари за да ја однесат и комисијата.

Не можат да сватат и прашуваат што згрешиле за ваков однос, град со повеќе од 100.000 жители да нема простор за полигон .