Денеска претседателот на Движење БЕСА, Билал Касами одржа прес-конференција за медиумите каде што истакна меќу другото дека опремата за прислушување, наводно уништена, е потенцијална опасност за државата.
“Се поставува прашањето зошто поранешната министерка на МВР, Гордана Јанкуловска, и другите власти на ова министерство ја прогласија за неважечка и застарена опремата за прислушување, под изговор дека треба да се уништи? Како може да се нареди уништување на една софистицирана опрема за прислушување со вредност од над 10 милиони евра? И покрај тоа што постои сомневање дека уништувањето на опремата е направена со цел за да се избришат прелиминарни дела, кој може да гарантира дека ова опрема за прислушување е навистина уништена и дека не е во рацете на некоја определена група или субјект, кои ќе ја употребуваaт, за да ги прислушуваат граѓаните на Република Македонија?”, – рече Касами, претседател на БЕСА.