Претседателот на Движење БЕСА, Билал Касами, придружуван од потпредседателот Кастриот Реџепи и генералниот секретар Арјанит Хоџа денеска се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли.
На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во земјата, со посебен акцент за добиената покана за започнување на преговорите за членство во НАТО, одржувањето на референдум, договорот за името и реформите во судството, како едно од клучните барања за интегративните процеси во евроатланските структури.
Претседателот Касами го цени високо придонесот на САД за воспоставување на правдата во земјата и целосно спроведуање на реформите за подобра иднина за сите граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност.
Toj ја изразил својата подготвеност во име на Движење БЕСА како опозициска партија силно да придонесе за референдумот со единствена цел, истиот да успее и земјата да не влегува пак во длабока политичка криза.
