Медиумите објавија вест дека синоќа бил уапсен сопственикот на болницата, “Шендети” Д-р Адил Мустафа, којшто се уште се наоѓаа во притвор.
Движење БЕСА е длабоко загрижена од фактот дека албанските бизниси се на удар од органите на власта, како што е овој случај, без никакво оправдување и аргументи.
Изненадувачки е фактот дека апсењето на д-р Адил Мустафа дојде веднаш после прес-конфернцијата кој тој самиот ја одржи и од каде ги обвини за криминал и корупција една банка и заменик-премиерот на ДУИ, Муса Џафери, тврдејќи дека тие го попречувале профункционирањето на неговата болница.
Бараме од власта, конечно таа да почне да им служи на граѓаните, а не да не биде во служба на партиите на власт, односно нивните клики претставувани преку двоецот Муса Џафери – Сашо Мијалков. Исто така, бараме транспарентност од државните власти во врска со овој случај и притоа да и објаснат на јавноста зошто приведувањето на Др. Мустафа се случи откако тој ја критикуваше владејачката албанска партија ДУИ.