Бендевска: Во Македонија 52 дена нема институции

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]На вечерашниов граѓански парламент во Куманово, се обратија пратеничката Весна Бендевска, Виолета Костадинова и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Во Македонија веќе 52 дена нема институции, ниту Собрание. Ја преминаа црвената линија и имаат уште 54 часа, во кои Никола Груевски ќе се изјасни и ќе прифати дијалог со народот – рече пратеничката Бендевска.

Пред поддржувачите на отпорот Костадинова рече дека во Македонија нема политичка криза, туку срушен устав.

Од Македонија се создаде тажно место за живеење, без никаква надеж. Премиерот со потсмев се заканува со локални избори, фер и демократски, но без парламентарни. Тие избори не можат да бидат ниту фер, ниту демократски, бидејќи ќе зависат од волјата на Владата – изјави Костадинова.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски на Груевски и Владата им порача дека изборите нема да се оддржат без СДСМ.