Или тие ќе не избркаат нас или ние нив, вели Беким Фазлиу, пратеникот од ДПА за бугарската телевизија бТВ.
Тој порачува дека знамето на Македонија е донесено без да бидат прашани Албанците, па затоа ќе изберат ново знаме кое ќе ги претставува сите граѓани на земјата.
Во шовинистички дух, тој дури и иронично го прашува новинарот дали во Бугарија има место за Македонците.
– Ќе одбереме државно знаме кое ќе ги претставува сите граѓани. Македонското знаме кога е донесено е донесено без да се прашаат Албанците, и не нè претставува нас. Тоа е, или да не избркаат од тука или ние нив – вели Фазлиу, кој додава дека сака и албанскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија.