Министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, ги стопирал парите за тековни трошоци на Инспекторатот за локална самоуправа за 2013 година, открива нејзиниот директор Ванчо Шехански, јави телевизијата „24 Вести“.
– Станува збор мала сума од 200.000 денари, но без нив, ќе се парализира работата на инспекторите, кои вршат надзор врз одлуките што ги носат општинските совети во целата земја – истакна Шехтански.
Бејта за телевизијата не негирал дека парите за Инспекторатот се сопрени, но тоа го оправдал со одлука која е однесена од Владата и од Министерството за финансии.
Отворените несогласувања меѓу Бејта и Шехтански се познати од поодамна, а кулминација достигнаа по промената на таблите на улиштата во скопски Чаир, промената на имињата на улиците во Гостивар, а особено деновиве, кога Тетово го прогласи поранешниот водач на ОНА за Косово, Рамуш Харадинај, за почесен граѓанин на овој град.
Директорот на Инспекторатот за локална самоуправа ги поништи сите овие одлуки, со образложение дека при нивното носење не бил почитуван Бадентеровиот принцип.
Видео: 24 Вести