Предводникот на американската дипломатија во земјата Џес Бејли денес ја посети Општина Чаир, каде реализираше работен состанок со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
„Ваквите работни средби се од големо значење за единиците на локалната самоуправа бидејќи создаваат предизпозиции и нов хоризонт за зајакнување на ефикасноста во нивното функционирање. Во текот на овој состанок, градоначалникот го извести амбасадорот Бејли за актуелната состојба на Општина Чаир, за ангажираноста и конкретните чекори кои ги презема новото нејзино раководство со цел на поефикасен начин да бидат во служба на граѓаните“, велат од општина Чаир.
Ганиу му се заблагодарил на Бејли за како што дошол да ги слушне неговите предизвици при раководењето со општината. Бејли пак, му се заблагодарил на градоначалникот за пречекот и го охрабрил да ја исполни неговата мисија.