Бејли, Орав и Хауте го подготвиле теренот за последната рунда преговори

Од:

Посредувачите во преговорите за специјален јавен обвинител денеска во Клуб на пратеници имаа средба како подготовка пред почетокот на новата рунда која треба да почне во 14.00 часот.

Извори од внатре велат дека амбасадорите на САД и ЕУ како и посредувачот Питер Ван Хојте, прво се сретнале само со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Тројцата посредувачи излегоа од Клубот еден час пред официјалната средба со образложение дека одат на ручек.

Бејли и Орав вчера за прв пат се вклучија во преговорите и се очекува да го забрзаат процесот. Неизвесно е дали партиите ќе успеат да се договорат, но јасно е дека се прави притисок врз владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ се очекува да го прифати законското решение за специјален обвинител предложено од Хојте. До сега партијата наоѓала замерки за секој член од текстот, а познато е само дека предложениот закон предвидува идниот специјален јавен обвинител сам да одлучи за обемот и кадарот на неговиот тим.