А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Баланс МК: Дете со дијабетес се бори за живот

by А1он24/07/2018 - 15:02143
Share0

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК денеска соопшти дека во последнава седмица поради погрешно утврдена дијагноза во животозагрозувачка состојба биле доведени четиригодишно дете од Свети Николе, деветгодишно дете од Гевгелија и 14-годишно дете од Охрид, сите со дијабетес тип 1.

Добивај вести на вибер

Посочуваат дека 14-годишното дете од Охрид е се уште во кома и во тешка здравствена состојба е сместено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Од Асоцијацијата бараат Министерството за здравство во рок од 48 часа да го истражи случајот и сите одговорни за трагедијата со трите деца да бидат соодветно нормативно процесуирани, вклучително и кривично.

-Трите деца имале дијабетес тип 1, но оние кои што медицински ги третирале едноставно тоа првично не го утврдиле, па ги лекувале така како што ги лекувале. Во моментов четиригодишното и деветгодишното дете се вон животна опасност со претуркани тешки форми на кетоацидози, додека 14-годишното дете од Охрид е се уште во кома и во тешка здравствена состојба сместено е на КАРИЛ, посочуваат од Асоцијацијата.

Од КАРИЛ изјавија дека 14-годишно девојче со дијабетес тип 1 е донесено кај нив, ставено е на респираторна машина и продолжува нејзиното лекување.

Претседателот на Асоцијацијата, Наташа Д. Димитриевска без да даде поопширно појаснување за трите случаи, во изјава за МИА само истакна дека четиригодишното дете од Свети Николе и деветгодишно дете од Гевгелија се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, каде било сместено и 14-годишно дете од Охрид пред да биде пренесено на КАРИЛ.

-Децата се со тип 1 дијабетес. Симтомите требало прво да ги препознаат матичните лекари. Имам информација од Детската клиника, а како се одвивале работите не можеме да знаеме. Четиригодишното дете од Свети Николе и деветгодишно дете од Гевгелија лежат на ендокринологија на Детската клиника. Додека состојбата не им се доведе на стабилно ниво и не ги обучат родителите, ќе бидат на Детска клиника. За жал дијабетесот се открива така, затоа што докторите не ги препознааат симптомите и кога ќе дојде до кетоацидоза тогаш го препознаваат. Мислам дека дијабетесот им е дијагностициран на Детската клиника, рече Димитриевска.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен