Бајрам Купа: Синот се одмазди за убиството на Уран

Од:

По денешниот инцидент каде беше убиен Артан Муслиу, алијас Аретим Асани, заменик директор на УЈП, во изјава за “Strugalajm.com” реагираше Бајрам Купа од Велешта, потврдувајќи дека неговиот син бил вмешан во убиството. Тој посочил дека убиството претставува брз одговор на неговиот син.

– Лицето во прашање, и двајца други за нас како семејство се главните виновници во киднапирањето и убиството на нашиот син Уран Купа. Долго време се знае дека тој е лицето кое е одговорно за случајот на Уран и во овој случај Абдулаи се одмазди за својот брат, вели, Бајрам Kупа.

Уран Купа му беше личен телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Тој најпрво беше киднапиран , а потоа и пронајден мртов крај реката Сатеска кај струшкото село Дрслајца.