Автопатот Скопје – Велес повторно блокиран, граѓаните заглавени со часови

Од:

Покрај информациите дека авотпатот Скопје – Велес е прооден по една коловозна лента, редици автомобили се уште се заглавени и не можат да се доближат до главниот град.

Граѓаните се револтирани, велат иако се јавиле на службите од каде им рекле дека автопатот е прооден, со часови не можат да тргнат со своите автомобили.

На автопатот нема полиција ниту служби од Македонија пат, а целата блокада настана по неколку сантиметри снег кои не беа навремено исчистени.

Од АМСМ не кажаа дали и на кој начин ќе им помогнат на граѓаните кои се заглавени на автопатот, единствено апелираа ноќта да ја минат во зимскиот пункт близу Велес.