Охридската полиција вчеравечер запленила луксузни автомобили и глисери. Според неофицијани информации, оваа акција била по барање на Јавното обвинителство за организиран криминал, а наредба издал судија на претходна постапка.
Заплената на возила се поврзува со случајот „Рекет“ каде осомничени се Боки 13 и Зоки Кичеец.
Возилата кои се одземени се однесени во охридската касарна, каде ќе останат до крајот на истрагата. Засега не е официјално познато чија сопственост се запленетите возила.