Автомобил удрил во запрежна кола, повредени татко и ќерка

Од:

Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во селото Милетино на локалниот пат Брвеница-Радиовце. Поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени на скопските клиники.

Од МВР велат дека до несреќата дошло кога автомобил „голф 5“ со хрватски регистарски таблички удрил во запрежната кола во која биле таткото и ќерка му.

Се работи на утврдување на причините за несреќата.