Аспровски: Да застанеме против елиминирање на македонскиот идентитет

Од:

„Македонија е вечна“, под ова мото денеска по 32-ри пат се одржа традиционална погранична средба во потпелистерското село Трново во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

На средбата беше упатена пораката за неменување на уставното име на Македонија.

„Мора да преземаме активности за да го заштитиме името на нашата држава Македонија. Нашиот македонски идентитет тоа е македонскиот народ, македонска држава, македонска црква, македонски јазик. Да застанеме против недемократски, нечовечки, и разни други притисоци од било кој, а кои се насочени кон елиминирање на нашиот македонски идентитет“, рече Пеце Аспровски, претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел од Македонија.

На средбата за нарушените права на Македонците во Грција говореше претставникот на „Виножито“ Андон Шекревски.

„Виножито се бори за правата на Македонците во Егејскиот дел иако нема демократија во Грција. Во Грција никогаш немало демократија и денес нема демократија“, рече Шекревски .

На традиционалната погранична средба беше изведена и богата културно -уметничка програма.