Аспазија Софијанова поднесе оставка од пратеничката функција

Од:

Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести вчера поднела оставка од претеничката функција.

На предвремените парламентарни избори во април годинава таа беше избрана за пратеник во Собранието на РМ, од пратеничката листа на ВМРО – ДПМНЕ.

– Да, дадов оставка. Но, јас и понатаму ќе продолжам да работам во интересе на децата и целото население. Ќе останам со народот што ме гласал и ќе продожам на сите да им помагам од позицијата лекар, вели Софијалнова за Телеграф.

На нејзино место во пратеничката фотеља ќе седне следната од листата во Првата изборна еднициа Јасмина Дамчевска.