Арсовски: СДСМ три години ги лажеше и манипулираше граѓаните на Центар за паркингот кај “Холидеј Ин”

Од:

Цел мандат на СДСМ им се базира на лаги и манипулации. Цели 3 години ги лажеа граѓаните на Центар, ги лажеа граѓаните на Скопје, манипулираа, ветуваа и на крај ништо од тоа не исполнија.Ветуваа дека ќе укинуваат дупови, ќе укинуваат градежни дозволи, ќе прават јавни анкети, а на крајот, испадна дека лажеле, на нивен бесрамен начин рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, димче Арсовски.

„Саша Богдановиќ и Петре Шилегов немаат ниту трошка срам, ниту пак кредибилитет понатака да бараат било каква доверба кај граѓаните, бидејќи ги излажаа на најдрзок начин дека нема да се гради кај Холидеј Ин и за на крај, сепак овде да никнат планираните според ДУП објекти. Очигледно е дека немале ниту план, немале ниту визија, ниту пак еден единствен проект изминативе 3 години и Богдановиќ и Петре Шилегов и единствено им беше важен личниот интерес целите овие три години, наспроти лагите кои ги пласираа кај граѓаните“ – вели Арсовски.