Поранешниот претседател на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, се наоѓа во кома на клиничкиот центар во Скопје.
Џафери од неговиот стан во центарот на Тетово веднаш е префрлен во Клиничка болница во Скопје на Клиниката за неврохирургија, пишува порталот Порталб.
Според Порталб Арбен Џафери е во животна опасност. Тој долго време страда од Паркинсоновата болест, што беше причина да замине од политичката сцена.