„Снимив 50 претстави, филмови, реклами за да се јакне културата на Република Македонија“ рече актерот Владо Јовановски, кој е обвинет за настаните од 27 април минатата година.
„Ова што ми се случува не дека не можам да го разберам, но одбивам да бидам хипнотизиран и да поверувам дека јас сум терорист. Жалам за повредените. Длабоко се извинувам. Не го љубам насилството. Зборот освен тоа што има текст, има и контекст и поттекст и мисла, емоција, вибрација и фреквенција. Да сме живи и здрави и да живее Република Македонија. Ве љубам сите“, рече Јовановски, на што дел од обвинетите му аплаудираа.
„Со оглед на вашата професија, ја разбирам вашата речитост, но немојте со аплаузи. Сите сме патриоти. Предавници нема“, рече судијката Добрила Кацарска.
Васко Маглешов