Антикорупциска утврди судир на интереси кај Коле Штерјев, за изборот на внуката за обвинителка

Од:

Државната комисија за спречување корупција констатира судир на интереси во случајот со првиот човек на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, кој гласаше воздражн на седница на Советот на јавни обвинители на 31 јануари 2018 година за неговата внука, Марија Ѓорѓиева, да добие мандат како обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија. Штерјев заработи прекршочна постапка со глоба од 500 евра.

Според Законот за спречување корупција и судир на интереси, Штерјев требало да се воздржи при олдучувањето, што не го направил. ДКСК ќе го извести Советот на јавни обвинители, каде што тој сè уште е претседател, дека иницирала постапка за утврдување одговорност. Советот брои 11 членови, а за одлука требале дветритини, односно 8, колку што вкупно гласале.

Амбасадорот на САД, Џес Бјели, лани на прес-конференција ја искритикува токму работата на Советот на јавните обвинители за седницата на која се гласаше за спорниот избор на обвинители. Говорејќи за реформите во правосудството, Бејли рече дека со спорните одлуки на Советот на јавните обвинители јавноста изгубила неколку грама доверба во правосудството. Тој наведе дека неколкуимина новинари се охрабриле да ги објават текстовите за начинот на кој се одлучувало за изборот на обвинители.

„Во текот на годината стана збор за јавното обвинителство и Советот и еден од членовите учествуваше во донесувањето на таквта одлука и имаше случај каде што еден јавен обвинител, член на Советот, гласаше за одлука на член на семејството на друг член на Советот и тука ми се чини дека станува збор за судир на интереси“, рече тогаш Бејли.

На спорната седница на Советот на јавните обвинители, гласаше и Фиданка Рајевска за реизборот на обвинителката Лидија Раичевиќ, која што во тоа време го гонеше нејзиниот сопруг за перење пари.

В. Маглешов