Анти-Талат кампања на фан страната на Груевски

Од:

На фан страницата на премиерот Никола Груевски се случува анти-Талат Џафери кампања во коментарите под секоја поставена информација за партиските активности или пак владините настани.

Граѓаните според најголемиот број коментари, не се согласуваат со одлуката во министерската фотелја за одбрана да седне Талат Џафери.

large

На информација дека почнала изградбата на катната гаража „Мал Ринг“, но и тоа не е доволен дефокус од главната тема на коментирање деновиве на социјалните мрежи, а која се однесува на Талат Џафери, дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почна изградбата на катната гаража Мал Ринг, а Талат е министер за одбрана“ – напишал граѓанин.

slikabrojdva

„Господине Груевски отсекогаш сум бил член и активист и симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ и јас и цела моја фамилија и ве поддржувам отсекогаш и во се. Но зарем мораше Командант Форина баш? Ајде, се помиривме да е Албанец, океј е тоа, но зарем немаше друг? Се срамам дека сум член на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам не можам да се помирам, да сфатам. Оваа грешка ми се чини скапо ќе ја чини Македонија и партијата ВМРО-ДПМНЕ! Легитимитетот и монополот како најнационална партија сега дефинитивно паѓа во вода“ – објаснува на фан-страницата на Груевски, друг граѓанин.

slikabrojeden

Посетителите на фан страницата на Груевски често го поставуваат прашањето зошто се бришат коментарите што ги оставаат.

„Замислете, има забрана за коментари и ги бришат коментарите што не им одговараат“ – пишува Викторија.

А актуелно е и на Твитер, сзнаеме дека со хаштагот #Ж се обележува премиерот:

2

1