Анкета на ИОХН: Владата ги контролира бизнисот, образованието и медиумите

Од:

Повеќе од 70 отсто граѓани би се вклучиле во граѓанска иницијатива доколку се лично засегнати или доколку е засегнат некој близок (69%).

Најмалку – 18 отсто би вклучиле во граѓанска иницијатива доколку е засегната политичката партија за која гласаат, ова се дел од резултатите во анкетата што во периодот ноември – декември 2015 година, ја спроведе Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С), за потребите на проектот: „Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и здружување“, поддржан од програмата за поддршка на грѓанското општество, Цивика Мобилитас.

Ова истражување на јавното мислење е спроведено на репрезентативен примерок од осумте региони во Република Македонија: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски.

Screenshot_6

Анкетата дава увид за перцепцијата на граѓаните за граѓанскиот активизам, мотивацијата на граѓаните за вклучување во граѓански иницијативи, нивното мислење на различните форми на дејствување преку, на пример, пленуми, невладини организации, и сл.

Исто така, резултатите ги покажуваат ставовите и расположението на граѓаните во однос на рестриктивните политики на власта, особено глобите како форма на цензура во нивното користење на нивното право на слободно здружување.

Screenshot_7

Во првата група прашања испитаниците одговараа во која мера се согласуваат со наведените ставови во врска со важноста и потребата од граѓански активизам и поголема вклученост на граѓаните во јавните политики и одлуки во Република Македонија.

Во поглед на мотивацијата и вклучувањето во граѓанските иницијативи, најголем процент гледаат позитивно на граѓанскиот активизам.

Screenshot_8

Изнесуваат ставови дека тој е корисен и потребен за влијание врз јавните политики (66%) или за да предизвика општествена промена (55%).

Граѓанскиот активизам може да биде практикуван во различни форми – граѓански иницијативи, протести, пленуми, застапување и активизам во состав на невладините организации.

Податоците покажуваат дека од оние што практикувале учество во граѓанска иницијатива најчесто ја избирале формата на излегување на протест или собир (49%) или пак поддршка преку потпишување на петиција (46%). Граѓаните ја оценија работата на невладините организации со оцена 3 на скала од 1 до 5 (каде 1 е најслаба, а 5 најдобра оценка).

Во име на своите права, 44% од испитаниците би се вклучиле во некаков тип на граѓански пленум. Тоа говори за довербата што ја имаат граѓаните во оваа форма на граѓански активизам.

Screenshot_9

Причините што би ги спречиле во иднина да учествуваат во граѓанска иницијатива се: доколку не веруваат на тие што ја организираат (24%), доколку немаат време за такви активности (22%) или поради тоа што мислат дека ништо нема да се промени ако учествуваат (19%).

Мал процент (8%) како причина наведува дека не би учествувале во граѓанска иницијатива од страв за да не си наштетат себе или на блиските. Испитаниците сметаат дека Владата во голема мера ги контролира бизнисот, образованието и медиумите.

Средната оценка 3,94 (од 1 до 5, каде 1 е најниска, а 5 највисока оценка) од одговорите покажува на тоа дека граѓаните сметаат дека Владата во голема мерка ги контролира овие општествени области. Во однос на бројот на глобите во законите, најголемиот број испитаници сметат дека нивниот број треба значително да се намали (66%).

Тие се согласни и со ставот дека глобите постојат само за полнење на буџетот и заплашување на граѓаните. Едно од почувствителните прашања во анкетата беше: Дали досега сте избегнале граѓанска иницијатива од страв да не бидете казнети? Кумулативниот процент од оние што одговориле позитивно и оние кои одбиле да дадат одговор е 28%, што е речиси една третина од испитаниците. Тоа покажува дека стравот од казни, доколку се вклучат во некоја граѓанска иницијатива, постои кај одреден дел од граѓаните.