Порталот fakte.net објави анкета за која тврди дека е најновата од Меѓународниот републикански институт, ИРИ за рејтинзите на политичките партии во Македонија.
Според податоците кои се објавени на овој медиум, кој допол до најновата анкета се гледа доближување на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, како и опаѓање на популарноста на ДУИ и ДПА.
ВМРО-ДПМНЕ, 19,6%
СДСМ 16,3%
ДУИ 4,1%
Беса 1,3%
ДПА 1,1%
Движење за реформи-ДПА 0,9%
Во табелата е прикажано драстичното опаѓање на рејтингот на албанската партија на власт ДУИ, која на последната анкета на ИРИ за внатрешна употреба, објавена во јуни беше 7%, а сега рејтингот е паднат на 4,3%, што е многу помалку од половина. ДПА во истражувањето направено во јуни имаше 3% а нејзиниот рејтинг драстично е намален на само 1,1%.