Анкета: 37 проценти од граѓаните не знаат дали ќе гласаат

Од:

Четириесет проценти од испитаниците одговориле дека ќе излезат да гласаат на претстојните локални избори во анкетата што ја спроведе невладината организација Хоризонт.

Според истата анкета, 24 проценти одговориле дека нема да гласаат, а 37 проценти не се определиле.

Во општините каде мнозинството на населението е од албанска националност, 67 проценти ќе излезат на гласање, 14 проценти нема да излезат, а останатите не се определиле.

Анкетата е спроведена телефонски на 1.117 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари според методологијата од ИРИ.